October 31, 2020 17:59
Скопје

Oдбележување на Европска недела на мобилност во Скопје

Во рамки на одбележувањето на Европската недела на мобилност денеска кај Школка во Градскиот парк ќе се одржи настан „Вело Родео” во организација на здружението на граѓани „Еко Логик”.

Настанот е поддржан од Делегацијата на Европската унија во Скопје, а право на учество имаат учениците од 4 до 9 одделение од основните училишта кои имаат желба да возат велосипед  и  едукативно да се забавуваат.

Програмата вклучува едукативни игри како „Еко Не лути се човече” (во реална големина), „Вело Меморија” (мега верзија, карти и онлјан апликација), Еко квиз, Вело Маало,Твистер, покажување и унапредување на велосипедските вештини, творење во рамки на креативна работилница и други изненадувања и активности.

Поради пандемијата со Ковид-19, организаторите најавуваат дека настанот ќе се одржува согласно официјалниот протокол за организирање на јавни настани со целосно почитување на здравствените мерки.

Европската недела на мобилност, која традиционално секоја година се одбележува од 16 до 22 септември, годинава се одржува под мотото „Мобилност со 0 емисии за сите”.