November 29, 2022 04:55
Македонија

„Oгнената група“ на средба со Ахмети во Мала Речица

Огранокот на ДУИ од Сарај предводен од градоначалникот Блерим Беџети и чаирскиот огранок предводен од Изет Меџити денеска во Мала Речица имаа средби со лидерот Али Ахмети.

Според објавите на двајцата високи партиски функционери на социјалните мрежи тие остануваат на првичните позиции во незадоволството од Артан Груби и останатите министри.

Меџити по средбата на чаирскиот огранок објави заедничак фотографија со Ахмети под која напиша: Заедно со лидерот Ахмети, но цврсти во ставот против извршната власт.

Претходно речиси идентична објава имаше и Беџети.