Македонија

Oбвинителството нема да го гони Коце Трајановски за изборот на директор на Водовод поради застарување на делото

Поранешниот градоначалник на Скопје Коце Трајановски и уште три други лица нема кривично да одговараат за злоупотреба на службената положба и овластување во врска со изборот на директор на ЈП „Водовод и канализација“ Скопје, потврди Скопското обвинителство.

Кривичната пријава на полицијата била отфрлена поради застарување на делото, велат оттаму.