Search

Нови моменти во истрагата за убиството на Мартин Јанушев

Директорот на Бирото за јавна безбедност Лазе Велковски изјави дека има нови моменти во истрагата за убиството на Мартин Јанушев кое се случи на 3-ти ноември во скопската населба Аеродром, а за што е осомничен Филип Секуловски кој истиот ден бил пуштен од затвор на слободен викенд и оттогаш е во бегство, објави телевизија Телма.

 

-Има нови моменти од пред два дена, кои што се во фаза на обработка. Откако ќе бидат обработени тие нови моменти и доказни материјали, ќе одлучиме дали ќе го споделиме тоа со јавноста, изјави Лазе Велковски, директор на БЈБ, кој не прецизираше повеќе.

Според првичните информации на Телма, станува збор за технички детали и анализи кои може да откријат нови сознанија за движењето и комуникацијата на жртвата.

Осомничениот Секуловски е во бегство. Веднаш по извршеното убиство избегал покрај сервис за перење на коли во близина на надвозникот кај Железничката станица, поминал под него и оттогаш исчезнал од видикот на безбедносните камери.

Велковски потврди дека има осомничен за убиството на 24-годишниот Бурим Идризи извршено на 21-ви декември во Чаир, но дека осомничениот е во бегство и е недостапен за полицијата.

Треба да знаете
Последни објави