Search

Нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика на секои две недели прави корекција на малопродажните цени на нафтените деривати во Македонија. Оттаму, денеска напладне треба да ги соопштат новите цени кои ќе важат од полноќ следниот ден.

Со последната промена цените драстично се зголемија, во просек за 2,57%.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се зголеми за 2,00 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 19.03.2018 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67,50 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемија за 1,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 19.03.2018 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 69,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 59,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 47,50 ден/лит. 

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголеми за 0,402 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 19.03.2018 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 28,038 ден/кг. 

Треба да знаете
Последни објави