Search

Никој не знаел дека чекаат деца: Најубавиот пар на светот ги објавил првите фотографии од своите близнаци

 

Кон крајот на годината како бомба одекнала веста дека најголемиот латино заводник, Енрике Иглесиас, и прекрасната тенисерка Ана Курникова станале родители! Бременоста вешто ја криеле од јавноста, а сега решиле да ја објават првата фотографија од своите близнаци.

Пред точно еден месец парот добил близнаци, Николас и Луси, а Енрике сега ги израдувал сите фанови и на Инстаграм објавил фотографија од едното бебе. 

Покрај фотографијата на која позира додека бебето спие, напишал накратко: “Сонце мое”.

Со истиот опис, фотографија објавила и новопечената мајка, веројатно со другото бебе, а нивните фанови на Инстаграм не престануваат воодушевено да ги коментираат двете фотографии.

Треба да знаете
Последни објави