Search

Несекојдневна ситуација во Франција: Лазаров и соиграчите приморани да преиграат добиен меч!

Нант на Кире Лазаров и екипата на Ним го одиграа својот четвртфинален дуел во францускиот куп на 10 март, но сепак 18 дена по завршувањето на натпреварот, дисциплинската комисија во францускиот ракомет сега донесе една сосема несекојдневна одлука.

Четвртфиналето меѓу Нант и Ним ќе мора да биде преиграно од 50-та минута, или поточно од 49 минута и 48 секунда, од едноставна причина што во овој момент на споменатиот меч било направен судиски превид кој сега е утврден благодарение на дополнителните прегледи.

Играчот на Нант, Ромарик Гијо направил сериозна повреда на правилата поради неправилна измена, па во тој момент тимот на Кирил Лазаров имал играч повеќе на теренот, што тогаш не било утврдено од страна на судиите и записничката маса. По комплетните прегледи, утврдено е дека Ним бил сериозно оштетен во дадената ситуација и се верува дека тоа е главната причина за минималниот пораз од 27:26, па сега последните 10 минути од мечот ќе бидат преиграни, а истиот ќе стартува со двеминутнот исклучување на Гијо, како и со резултатот од 49-та минута, односно минимално водство од 23:22 за Ним.

Оваа несекојдневена ситуација секако му носи најмногу штета на Нант, бидејќи сега Лазаров и соиграчите се приморани да играат три натпревари во рок од пет дена. Денеска го играат редовното коло во Франција каде за противник го имаат Тулуз, задутре ќе го преиграат последните 10 минути од четвртфиналето со Ним, додека на 1-ви април ги чека меч во Лигата на шампионите против Мешков Брест.

Треба да знаете
Последни објави