Search

Нема виновник за смртта на Праљак: Кој го донел отровот во судницата

Нема виновник за смртта на Праљак: Кој го донел отровот во судницата

Хашкиот трибунал ја завршил истрагата за самоубиството на генералот Слободан Праљак за време на изрекувањето на пресудата, при што е заклучено дека нипто не укажува на каков било пропуст на службата за обезбедување и протоколите на Трибуналот, објави неговата адвокатка Ника Пинтер.

Хрватскиот весник„Јутарњи лист“ објави дека тоа значи дека никој нема да одговара за внесувањето на хемикалијата со која Праљак го изврши самоубиството, но и дека нема одговор на прашањето, како отровот воопшто се нашол во судницата на Хашкиот трибунал.

Пинтер изјавила дека холандската полиција води уште една истрага и резултатите ќе и бидат доставени на хрватската амбасада.

Во собата на Праљак по неговата смрт е пронајдено писмо на кое е напишано името Ника, како и писмо до неговата сопруга.

Адвокатката Пинтер изјави дека доколку се покаже дека е соучесничка во самоубиството на Праљак таа е подготвена да се појави на суд, додавајќи дека истрагата би траела кратко, бидејќи Праљак не го видела последната година.

Откако му беше потврдена казната затвор од 20 години за воени злосторства во Босна и Херцеговина, Праљак на 29 ноември минатата година во хашката судница испи отровна течност од шишенце, за која подоцна е утврдено дека е калиум цијанид.

 

Треба да знаете
Последни објави