Search

Нема договор: Села не го дава министерството за здравство

Без договор заврши средбата помеѓу Зијадин Села и Зоран Заев.

Лидерот на Алијансата за Албанците нема намера да се откаже од министерството за здравство кое СДСМ веќе со смета за свое. Според Села само доколку министерот за здравство и натаму го раководи нивен кадар Заев ќе покаже дека не работи по нечии диктат и дека не подлегнува на притисоци.

Тој не прифаќа нови позиции за неговата партијата а за понуденото место иронично искоментира дека било вицепремиер за носење бурек.

Дека односите помеѓу владините партнери, посебно во албанскиот блок се нарушени потврди и вчерашната изјава на лидерот на ДУИ Али Ахмети. Тој ја нарече Алијансата за Албанците несериозна партија која згора на тоа има само двајца пратеници.

ДУИ и Алијансата имаат нерасчистени односи уште од локалните избори поради тоа што СДСМ отворено застана зад кандидатите на ДУИ.

Но, со и без Алијансата власта може да го обезбеди потребното парламентарно мнозинство кое и овој пат ќе биде многу тенко и ќе брои 61 или 62 пратеници.

Покрај десете на ДУИ, Заев се надева и на гласот на Весел Мемеди од НДП кој има отворени несогласувања со политиката на Села.Евентуално ќе се смета и на двата пратеника од ДПА.

Со свој коментар денеска излезе и градоначалникот на Гостивар и еден од најблиските соработници на Села, Арбен Таравари.

Тој на Фејсбук ја искоментира улогата на ДУИ во актуелната и во претходната власт, изразувајќи зачуденост како е можно од претходната влст само ВМРО-ДПМНЕ да се товари за криминал, а ДУИ да се амнестира.

Испразнетите министерски места на собраниска седница ќе бидат ставени најверојатно следната недела.

Треба да знаете
Последни објави