Search

Нејзината омраза е непресушна: Хилари на доделувањата на Греми наградите читала делови од книгата во која се “плука” по Трамп

Поранешната демократска кандидатка на претседателските избори во САД во 2016. година, Хилари Клинтон, се појавила на доделувањата на Греми наградите во Њујорк во политичкиот сегмент, каде на глас читала делови од контроверзната книга за актуелниот американски претседател Доналд Трамп – “Оган и Бес”.

Таа се појавила во скеч во кој познати личности учествуваат на аудиција за читање на бестселерот на Мајкл Волф, која ја организирал водителот на овогодинешните доделувања на Греми наградите, Џејмс Кордон. Некогашната прва дама на САД освоила Греми награда во 1997. година во категоријата “Best Spoken Word”, за читањето на книгата “It takes a Village”.

Треба да знаете
Последни објави