Search

НАУЧНИ СТУДИИ ПОКАЖУВААТ: ЃУМБИРОТ МОЖЕ ДА СПРЕЧИ И ЛЕКУВА РАК

Ѓумбирот се користи во лекувањето на најсериозните болести, но и како помош во справувањето со низа различни тегоби и проблеми.

Ѓумбирот се повеќе се третира како лек, а не како зачин, благодарение на научните студии кои ги докажуваат неговите лековити својства. Имено, истражувањата покажуваат дека соединението шогаол, што се наоѓа во него, е десет илјади пати поефикасно од медицинскиот третман на малигните клетки.

Ѓумбирот е едно од најмоќните растенија во светот. Бројни научни студии покажуваат дека оваа билка има антиоксидативни и антивоспалителни дејства, како и голем број други лековити својства. Неодамнешните истражувања покажуваат дека моќта на ѓумбир се гледа и во тоа што може да го спречи и да се излекува ракот.

Лековитите својства на ѓумбирот произлегуваат од едно специјално соединение што го содржи наречено шогаол, кое е составено од 17 јаглеродни атоми.

Според најновите научни истражувања, шогаолот е десет илјади пати поефикасен од хемотерапијата. Покрај тоа што е вистински „убиец” на малигните клетки, шогаолот не ги повредува здравите клетки во телото. Вреди да се спомне дека свежиот ѓумбир содржи поголема количина шогаол отколку ѓумбирот во прав.

Научната медицинска студија спроведена од страна на Националниот универзитет на Џорџија покажа дека употребата на ѓумбир може да ја намали големината на туморот на простатата за неверојатни 56 проценти.

Исто така, се наведува дека ѓумбирот може да го намали воспалението, а да го зголеми внесот на антиоксиданси. И покрај тоа што мора да се спроведат подетални студии за лековитите својства на ѓумбирот, доволно е сознанието дека ваквата негова ефикасност во неутрализирањето на малигните клетки веќе е потврдена.

Други придобивки од ѓумбирот

Гадење: Истражувањата покажуваат дека ѓумбирот може да помогне при гадење и повраќање, па затоа се препорачува неговата употреба при вакви состојби.

Остеоартритис: Ова е состојба која може да предизвика вкочанетост и болки во зглобовите. Докажано е дека пациентите со вакви здравствени проблеми чувствуваат помалку болка по земањето на екстракт од ѓумбир.

Болка во мускулите: земањето на само 2 грама ѓумбир дневно за 11 дена може да ја намали болката во мускулите, тврдат научните студии.

Шеќер во крвта: Ѓумбирот има моќ да го одржува нивото на шеќер во крвта на долните граници, со што пак го намалува ризикот од дијабетес.

Менструална болка: Ѓумбирот може да им помогне на женитеза време на менструалниот циклус. Истражувањата покажуваат дека земањето на само еден грам на ова растение може да ја ублажи болката во текот на циклусот.

Холестерол: Некои студии покажуваат дека ѓумбирот го намалува лошиот холестерол во организмот, т.н.р. ЛДЛ холестерол.

Мозок: Ѓумбирот е докажан борец против многу лоши состојби на мозочните функции, првенствено кај Алцхајмеровата болест.

Треба да знаете
Последни објави