Search

Народ се собира на Плоштад, дали ќе се одстранува Воинот на коњ ?!

Народ се собира на Плоштад, дали ќе се одстранува Воинот на коњ ?!

Народ се собира на плоштадот „Македонија“ во Скопје, по информациите дека во Скопје пристигнал кран кој наводно ќе се користи за отстранување на споменикот на Александар Македонски.

Според информациите објавени на социјалната мрежа твитер, одредени лица тврдат дека вечерва од својот постамент ќе биде отстранет споменикот на Александар Македонски.

Наводно, од Бугарија е пристигнат кран кој беше сместен во противпожарната бригада во Авто Команда, а потоа релоциран.

Кранот има носивост од 80 тони и висина за маневрирање од 50 метри, со што логично е истиот да биде користен за огромна маневарска операција, како што е дислоцирањето на споменикот кој му дава живот на градскиот плоштад во Скопје.

Треба да знаете
Последни објави