Search

Нападнат претседателот на ЛДП, Горан Милевски

Нападнат претседателот на ЛДП, Горан Милевски

Претседателот на ЛДП и пратеник во Собранието на РМ, Горан Милевски, денеска бил физички нападнат во центарот на Скопје.

Пратеникот добил неколку шлаканици од се уште непознато лице.

Заради здобиени телесни повреди, Милевски заминал во болница.

Случајот бил пријавен во полиција. Официјална информација и потврда за настанот има и од МВР.

Во 16.30 часот Г. М. пријави дека додека се движел по плоштадот „Македонија“ бил нападнат од едно лице. Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот, посочија од МВР.

Треба да знаете
Последни објави