Search

Најдобрите 11 играчи кои нема да се појават на СП 2018

Овие квалификации донесоа неколку неочекувани изненадувања, а вчера беа крунисани со елиминацијата на репрезентацијата на Италија од претстојното Светско првенство

Помеѓу најдобрите 11 играчи кои нема да се најдат на Светското првенство се дури четворица фудбалери на Италијанската репрезентација, а има и двајца Чилеанци.

Џанлуиџи Буфон ја предводи листата и се најде помеѓу стативите. Тој имаше намера да се пензионира од репрезентативниот фудбал по завршувањето на СП во Русија, но плановите му ги расипа репрезентацијата на Шведска, која ја елиминираше неговата Италија од настап на Мундијалот.

Пред Буфон во одбраната се и двајцата колеги од репрезентацијата, Леонардо Бонучи и Џорџо Кјелини. Покрај нив тука се и Антонио Валенсија, кој не успеа да го однесе Еквадор на СП, како и Давид Алаба, кој и не импресионираше во квалификациите.

Тројката во средината ја составуваат Марко Верати, Марек Хамшик и Артуро Видал, кој со Чиле во последното коло беше елиминиран од прогрес кон Мундијалот.

По крилните позиции се најдоа Алексис Санчез, кој направи сѐ што можеше за Чиле во овие квалификации, и Герет Бејл, кој поголем дел од натпреварите ги пропушти поради повреда.

Во самиот шпиц на нападот е Пјер Емерик Аубамејанг, кој со својот Габон и не можеше да се надева на пласман на првенството.

 

Треба да знаете
Последни објави