Search

На Пулмологија отворена дополнителна амбуланта поради загадувањето расте бројот на пациенти

Болниците се полнат со пациенти. На Пулмологија отворена дополнителна амбуланта.

Препораката останува- терапијата редовно да се зема, непотребно да не се излегува надвор, ако се мора да се носат заштитни маски. Синоптирачите со прогноза дека магловито ќе биде и во текот на утрешниот ден.

Расте бројот на пациенти кои поради аерозагадувањето побарале помош на Клиниката за пулмологија. Затоа, како што вели директорот Докиќ, отворена е и дополнителна амбуланта со цел да ги прими сите пациенти со приоритетни упати. Со најлоша клиничка слика се хронично болните- оние со пневмонија, бронхитис, астма, белодробни фибрози.

„Аерозагадувањето смета не само на хроничните пациенти, туку е штетно и за здравјето на сите здрави индивидуи, поради тоа што предизвикува воспаление на слузокожата од носот и горните и долните дишни патишта, што може да се манифестира со кашлица, иритација во очите, гребење во грлото, потешкотии во дишењето“, изјави Дејан Докиќ • директор на Клиниката за пулмологија и алергологија.

Препораката е иста секоја година. Терапијата редовно да се зема, непотребно да не се излегува надвор, да се филтрира воздухот и да се носат заштитни маски.

Треба да знаете
Последни објави