Search

На кралската венчавка повикани 600 гости

Британскиот принц Хари и неговата американска вереница Меган Маркл, повикаа 600 гости на својата венчавка во мај, но кој се најде на пописот се уште не е објавено.

 

Од палатата во Кенсингтон порачаа дека сите кои ќе бидат повикани на церемонијата на венчавката на 19 мај во дворецот Виндзор, ќе бидат повикани и на ручек во домот на кралицата Елизабета Втора.

Подоцна тој ден, во вечерните часови, 200 гости ќе присуствуваат во приватен прием, во околна куќа, чиј домаќин ќе биде принцот Чарлс.

Од палатата исто така пренесуваат дека поканите, кои ќе бидат со златен печат, на гостите ќе им бидат испратени оваа недела, но нема детали околу тоа кој се е повикан на венчавката.

Околу 1,900 лица беа повикани на раскошната венчавка на Вилијам, постариот брат на Хари и неговата сопруга Кејт во 2011 година.

Треба да знаете
Последни објави