Search

МЗТ Скопје немоќен и на гостувањето кај Партизан

МЗТ Скопје избегна катастрофален пораз на гостувањето кај Партизан во АБА лигата, откако во второто полувреме успеа да стигне до за нијанса попристојна негатива и пораз изразен со резултат 112:94.

Партизан играше фуриозно во првиот дел кој го доби со 69:42, во третата четвртина имаше предност и од 80:48, но потоа следуваше шутерска серија на МЗТ кој успеа да ја намали негативата. Последниот период резултатски беше израмнет, па на крајот српскиот тим славеше со убедливи 112:94.

Кај домаќините најефикасен беше Андриќ со 29 поени, додека во редовите на МЗТ Скопје, Трајковски постигна 20, а Соколов 14 поени.

Македонскиот првак со овој пораз останува на дното на табелата во регионалната АБА лига со само две победи и десет порази.

Треба да знаете
Последни објави