Search

Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка

Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка

Мотоциклист бил тешко повреден во сообраќајка што се случила вчера во Неготино, информира денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Тој појаснува дека сообраќајната несреќа се случила на улицата „Партизанска“.

– Се работи за сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил марка „даеву тико“ со неготински регистарски броеви управуван од Е.В.(43) од Неготино и мoторцикл марка „томос” без регистарски броеви управуван од Т.П. (64) од Неготино. Во незгодата е повреден возачот на мотоциклот кој е пренесен во ЈЗУ Општа болница – Неготино каде се констатирани тешки телесни повреди, вели Додевски.

Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС ОН Неготино.

Треба да знаете
Последни објави