Search

Мисајловски, Јанчев и Николоски потпретседатели на ВМРО-ДПМНЕ

Мисајловски, Јанчев и Николоски потпретседатели на ВМРО-ДПМНЕ

На денешниот Централен комитет на ВМРО-ДПМНЕ за потпретседатели на партијата се избрани Владо Мисајловски, Митко Јанчев и Александар Николоски.

Владо Мисајловски е поранешен министер за транспорт и врски, кој што на таа функција дојде во мај 2015 година, на местото на Миле Јанакиески. Митко Јанчев е актуелниот градоначалник на Кавадарци, а Александар Николоски е пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, кој беше и предлог за македонски амбасадор во ЕУ.

За генерален секретар на партијата е избран Игор Јанушев, поранешниот директор на ЈСП. Тој се споменуваше во „бомбите“ во врска со печатењето на лични карти.

Треба да знаете
Последни објави