Search

Министерството за здравство и ја одзема дозволата за работа на болницата „Санте плус груп“

Министерството за здравство и ја одзема дозволата за работа на болницата „Санте плус груп“

Министерството за здравство денеска соопшти дека и ја одзела дозволата за работа на Приватната здравствена установа „Санте Плус гроуп“.

– По извршениот вонреден инспекциски надзор од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат и извештајот за извршен стручен надзор над работата на Приватната здравствена установа „Санте плус гроуп”, утврдени се неправилности во работата на болницата во однос на кадар и опрема, по што Министерството за здравство донесе решение да ја одземе дозволата за работа на ПЗУ „Санте Плус груп‘‘, соопшти Министерството за здравство.

Министерството, како што се посочува, нема да го коментира обдукцискиот наод, бидејќи е предаден во Основното јавно обвинителство кое отвори истрага за случајот со смртта на родилката од Кичево.

Треба да знаете
Последни објави