February 16, 2019 17:02
Македонија

Министерот Ахмедовски се сретна со градоначалникот на Шуто Оризари

Министерот Ахмедовски се сретна со градоначалникот на Шуто Оризари

Министерот без ресор за координација и имплементација на Стратегијата за Роми 2014-2020, Аксел Ахмедовски и градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш на денешната средба разговарале за тековни и планирани активности и проекти кои се однесуваат на инфраструктурата во населените места во оваа општина. 

Како што соопшти Кабинетот на министерот Ахмедовски, заеднички била констатирана потребата од финансиски средства за реализација на проектите што ќе овозможат подобри услови за живот на оваа заедница.

Како дел од активностите кои ги предвидува оваа општина, според градоначалникот Дудуш, се асфалтирањето на неколку улици и изградба на објекти со станови на лица со социјален ризик и други ранливи групи.

На средбата Ахмедовски ја потенцирал потребата од усвојувањето на Локалниот акциски план за подобрување на состојбата на Ромите во рамки на сите приоритетни области.

– Во однос на активноста за донесување Детален урбанистички план, чие недонесување претставува пречка за изградба на заграда со социјални станови наменети за ранливите групи, беа дискутирани можностите за обезбедување финансиски средства за негова изработка со поддршка на Министерството за транспорт и врски, се наведува во соопштението.

Министерот бил информиран и за планираната изградба на нова градинка на местото на опожарената градинка, а потоа ги посетил местата кои имаат супстандардни услови за живот во оваа општина (Врањачка Буна).

 

Related posts

Сугарески: За капитални проекти в година над 5 милијарди денари

24news

„Јадам леб и шеќер за да има за децата“, семејство преживува со 5 илјади денари месечно

24news

И Никола Тодоров исклучен од ВМРО-ДПМНЕ

24news