Search

Министерката Царовска новогодишната ноќ ќе ја помине со децата од социјалните центри од Скопје

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, новогодишната ноќ ќе ја помине со децата од социјалните центри од Скопје.

Прв ќе го посети домот за деца без родители „11 Октомври“, каде од 20:30 до 21:30 часот ќе подели симболични поклони и ќе ја проследи новогодишната претстава подготвена од децата.

Од 22:00 до 23:00 часот, министерката ќе ја посети ЈУ за згрижување на деца „Дом 25 Мај“, а од 23:30 до 00:30 ќе биде во заводот за згрижување, воспитување и образование на деца „Ранка Миловановиќ“, каде ќе се организира лотарија со мали изненадувања за децата.

Треба да знаете
Последни објави