Search

Мицкоски: Постои опција да се кандидирам за претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, на вечерашната прес конференција на која ги осуди одлуките за притвор на нивните пратеници, за кои како што вели се жртва на хунтата на Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање рече дека постои опција да биде кандидат за наследник на Никола Груевски.

Мицковски вели дека во овој момент е фокусиран на тековните активности на партијата, но сепак додава дека постои опција да биде кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во медиумите се вртат повеќе имиња, но она што можам да го кажам и сум сигурен е дека било кој од нив да биде иден претседател на ВМРО-ДПМНЕ, се разбира доколку оставката на сегашниот претседател Никола Груевски биде усвоена и прифатена на следниот вонреден партиски конгрес од страна на конгресмените, ќе значи следна победа на следните парламентарни избори, односно било кој да биде претседател на ВМРО-ДПМНЕ на следните избори убедливо ќе го порази Зоран Заев“, истакна Мицкоски.

Треба да знаете
Последни објави