Search

Маж гризна полициско куче

Маж гризна полициско куче

Маж од Њу Хемпшир е уапсен откако гризнал полициско куче додека полицајците спроведувале истрага за престрелка во едно гратче, објавила полицијата.

До инцидентот дошло во неделата кога полицијата ја проверувала информацијата дека во една куќа едно лице е застрелано.

Во куќата пронашле две лица за кои била распишана потерница и кои се обиделе да побегнат кога полицијата се обидела да ги уапси, рекол полицискиот поручник Џејсон Килари.

– Двајцата силно се спротиставуваа на апсењето. Еден го гризна кучето и кучето му врати со гризнување и потоа мажот беше совладан со електронски пиштол – рекол Килари.

Мажот, чиј идентитет не е објавен, е обвинет за спротивставување на апсењето и напад на полициско куче. Кучето е неповредено и може да се врати во службата.

– Доколку се натпреварувате во гризнување со полициско куче, нема да победите. Тоа мошне добро им оди – рекол Килари.

Треба да знаете
Последни објави