Search

Масовна рација на МВР, уапсени улични дилери на дрога

Денеска припадници на Одделот за криминалистичка полиција во соработка со Секторите за внатрешни работи по претходно обезбедени наредби за претрес од судија на претходна постапка од надлежните судови, започнаа голема акција за откривање и апсење на улични пдилери на дрога, дознава Плусинфо.

Според првичните сознанија, извршени се претреси кај лица за кои постојат сомненија дека се занимаваат со улична препродажба на дрога. 

На 25 локации пронајдени се предмети кои потекнуваат и се наменети за вршење на кривични дела, а уапсени се 25 лица. 

Притоа одземени се 49 паковки хероин, околу 1,8 килограми марихуана, таблети екстази, паковка амфетамин и хашиш. Пронајдени и одземени се и четири воздушни пушки, две самоделски пушки, еден гасен пиштол и една ловна пушка и 28 куршуми. Одземен е и еден компјутер и 324 бланко (магнетни) картички.

По документирање на случаите ќе бидат поднесени кривични пријави за сторени кривични дела неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанци, недозволено производство, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи, спречување на службено лице при вршење на службени дејствија, како и соодветни кривични пријави од областа на компјутерски криминал, имотни деликти и други кривични дела.

Треба да знаете
Последни објави