Search

Малолетник онесвестил и ограбил маж во ГТЦ

Скопската полиција поднесе кривична пријава против А.С. (16) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело разбојништво.

Пријавениот на 7 ноемви околу 18.20 часот во Скопје на улица „Кеј 13 Ноември“, во тоалетите во Градскиот трговски центар, со уште едно непознато лице, од зад грб, со непознат предмет, физички го нападнале оштетениот, по што тој паднал на земја и се онесвестил, додека пријавениот и другото лице му го одзеле мобилниот телефон.

 

 

Треба да знаете
Последни објави