Search

Македонецот руши бариери: Антиќ вечерва влезе во историјата на Ц. Звезда

Кошаркарите на Црвена звезда на фантастичен начин вечерва како гости го совладаа шпанскиот првак Валенсија со фантастична серија 17-0 во последната четвртина во меч кој засекогаш ќе остане запаметен и по рекордното остварување на македонскиот интернационалец, Перо Антиќ.

Ветеранот средбата ја заврши со десет поени, со што ја надмина границата од 1.000 постигнати поени во дресот на белграѓани. Антиќ сезонава по вторпат го облече црвено-белиот дрес, откако претходно две сезони настапуваше за оваа екипа и тоа во периодот помеѓу 2005 и 2007 година.

Ова остварување беше потврдено и од клубот од Калемегдан, кој преку социјалните мрежи му го честиташе рекордот на трикратниот европски шампион и прв Македонец кој заиграл во НБА лигата.

Треба да знаете
Последни објави