Search

Мајка и ја влечела за коса, а татко и ја удирал со тупаници затоа што не сакала да им ја даде платата

Мајка и ја влечела за коса, а татко и ја удирал со тупаници затоа што не сакала да им ја даде платата

24-годишна девојка од Тетово ги пријавила вчера околу 22.00 часот родителите дека извршиле семејно насилство врз неа.

Според полицијата, непосредно пред пријавата во нејзината соба влегла мајка и и побарала да и ја даде целата плата. Таа се спротивставила и тогаш мајка и почнала да ја влече за коса, а татко и неколку пати со тупаници ја удрил по главата и телото.

На девојчето и се нанесени видливи повреди на телото. Родителите М.Џ.(44) и М.Џ.(41) биле   повикани   во   Полициската станица Тетово на распит. Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Треба да знаете
Последни објави