October 1, 2022 20:39
Економија Македонија

M6 Едукативниот центар стана официјален партнер на Адижес Институтот од Калифорнија за новата Adizes Online програма

M6 Едукативниот центар стана официјален партнер на Адижес Институтот од Калифорнија за новата Adizes Online програма. Adizes Online е целосно дигитализирана програма со онлајн содржина која се стреми кон развивање на вештини и континуирано учење, според основите на методологијата на Адижес.

Адижес Институтот е водечка консултантска организација од областа на менаџментот, рангирана од страна на Executive Excellence меѓу десетте најдобри консултантски куќи во светот. Институтот е основан во 1971 година и од тогаш соработува со бизнис лидери од сите индустрии во светот, овозможувајќи им да се справат со клучни предизвици во раководењето на компаниите и организациите и да ги идентификуваат своите потенцијали и можности. Во својата богата историја Институтот има работено и со „Fortune 500“ компании и со стартапи.

Основач на Институтот е проф. д-р Исак Адижес, роден во 1937 година во Скопје. Бил професор на повеќе престижни универзитети, а неговото име е на листата 30 најдобри консултанти во Америка. Како признание за придонесот во развојот на теоријата и практиката на менаџирање, д-р Адижес е носител на 21 почесен докторат од универзитети во десет земји.