Search

MТСП воведува надоместок и за жените со обострана ампутација на дојка

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека со новиот правилник за листата за видовите телесни оштетувања, врз основа на кои се стекнува со правото на паричен надоместок и процентите на оштетувањата, воведува надоместок и за жените коишто имаат обострана ампутација на дојка.

Досега право на надоместок имаа само жените со еднострана и обострана радикална ампутација на дојка. Воведувањето на ова право од пензиско инвалидско осигурување е на барање на повеќе Здруженија на жени за борба против ракот на дојка.

Од министерството велат дека во новиот правилник којшто веќе е на сила се воведува и табеларно прецизно утврдување на острината на видот и процентите на телесно оштетување според острината на видот. Исто така е подобрен и целиот текст на самиот правилник.

Треба да знаете
Последни објави