Search

MОДОМ: Борба против климатските промени, сега!

Младинската организација на зелената партија ДОМ – МОДОМ се приклучува на протестот организиран од Fridays for future  во борбата против климатските промени. Свесни за катастрофалните последици од климатските промени, бараме надлежните интституции да преземат итни мерки за справување со климатската криза, како врвен приоритет.

Апелираме преку користење на обновливите извори на енергија, исфрлање од употреба на фосилните горива, подобрување на јавниот транспорт и органското производство на храна, итната борба против климатските промени да почне веднаш.

МОДОМ апелира до Советот на Град Скопје да ги поддржи барањата поднесени од иницијативата Fridays for future и активно да се вклучи во светската борба за заштита на планетата. МОДОМ ги повикува сите млади, на 20 септември да се приклучат на маршот против климатските промени.

Младинска организација на демократска обнова на Македонија

Треба да знаете
Последни објави