Search

Mладоженец и 13 членови од неговото семејство загинаа во тешка несреќа

Mладоженец и 13 членови од неговото семејство загинаа во тешка несреќа

Четиринаесет членови на едно семејство загинаа во тешка сообраќајка на пат кон свадба. Младоженецот загинал на лице место, кога комбето во кое се превезувале се судрило со камион. Сообраќајката се случила во виетнамската провинција Кванг Нам.
Комбето превезувало 17 лица, а несреќата се случила во 02:30 часот утрината, пренесува АП. Десет лца загинале на лице место, изјавил денеска градоначалникот на провинцијата Динх Ван Ту.
Како што пренесува локалниот сајт VNEkspres четири патници кои го преживеале судирот се во критична состојба, меѓу кои и 6-годишно девојче.
Семејството на младоженецот се наоѓало на 450 километри од семејството на невестата во Бн Дин, каде свадбата требало да се одржи доцна денеска.
Треба да знаете
Последни објави