Search

Mино Раиола итно опериран во Милано

Позантиот агент Мино Раиола (54) бил итно опериран утрово во Милано.

Агентот на бројни фудбалски ѕвезди од непознати причини завршил во болница и утрово му била направен оперативен зафат. Се уште не е познато поради што контроверзниот агент бил на итна операција, но според информациите на италијанските медиуми тој во наредните денови ќе остане во болница.

Повеќе информации за неговата здравствена состојба се очекуваат во наредните часови. Засега има само непотврдени информации од медиумите кои пишуваат дека состојбата била сериозна.

Треба да знаете
Последни објави