Search

MЗ: СЗО ги оцени интегрираните патронажни служби како одлична мерка за унапредување на здравствените услуги кај граѓаните

Во насока на зајакнување на капацитетите на патронажните служби и имплементација на проектот за домашна нега на територијата на целата држава, минатата недела 134 медицински сестри почнаа со работа во траење од шест месеци во службите на патронажна дејност во здравствените домови и општи болници во земјава, соопшти Министерството за здравство.

По воведувањето на интегрираните служби за домашна нега во Кочани и Ресен, на почетокот на годинава, Светската здравствена организација, оценувајќи ги услугите за домашна нега на Министерството за здравство како одлична мерка за унапредувањето на здравствените услуги кај граѓаните, ги повика националните експерти во целиот регион да го следат примерот на Република Северна Македонија, истакнаа од Министерството за здравство

– Пред скоро една година од почетокот на пилот програмата која започна во општините Кочани и Ресен, со задоволство можеме да кажеме дека мобилниот сервис за здравствена и социјална заштита одлично функционира. Со нови 134 медицински сестри ги зајакнуваме капацитетите на патронажните служби и го прошируваме нивното делување на територија на целата држава. Патронажните сестри се клучни, а преку оваа мерка ги доближуваме здравствените услуги поблиску до граѓаните, рече министерот Филипче.

Програмата се базира на услуги што веќе ги обезбедуваат медицинските сестри кои претежно работат со мајки и деца преку проширување на услугите во заедницата со дополнителна медицинска сестра, социјален работник, физиотерапевт и старател за да ги задоволат потребите и на пациентите од социјален ризик, маргинализирани групи, постари граѓани и тешко подвижни пациенти, наведуваат од Министерството за здравство.

Треба да знаете
Последни објави