Search

Mајка и син пронајдени мртви во стан во Велес

Во стан во Велес полицијата утрово пронајде две мртви тела. Станот е улица 4-ти Јули во Велес, во близина на детската градинка кај Жаба зграда.

Од полицијата потврдија дека добиле повик од соседи, кои се пожалиле на ужасна миризба која доаѓала од станот на починатите. Според соседите, најверојатно се работи за мајка и син кои повеќе од еден месец не биле видени од соседите. Мајката била стара и изнемоштена, а синот имал здравствени проблеми. На нивните тела не се пронајдени траги на насилство.

Јавен обвинител е на терен и врши увид, по што ќе се знае причината и времето на смртта на двајцата велешани.

Треба да знаете
Последни објави