Search

Mатичните лекари ќе го добијат бонусот за вакцинираните пациенти на почетокот на летото 2022 година

Mатичните лекари ќе го добијат бонусот за пациентите кои ќе се вакцинираат против ковид-19 на крајот на пролетта – почетокот на летото 2022 година, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Владата синоќа донесе одлука за еднократна финансиска награда во висина од 30 денари по пациент за матичните лекари ако достигнат и надминат опфат од 70% со вакцинација на своите пациенти од вкупниот број запишани кај нив, како дел од мерките за поголема имунизација на населението.

Филипче кажа дека најголем број на пациенти кои ги има еден матичен лекар е 2.500, во просек околу 1.000 пациенти, и дека не е сума која треба да се занемари.

Треба да знаете
Последни објави