Search

Mадрид: Ривера го повика Санчез на разговор

Шпанскиот лидер на партијата на десниот центар „Граѓани“ (Сиудаданос), Алберт Ривера рече дека испратил писмо во кое бара средба со вршителот на должноста премиер, Педро Санчез, да се стави крај на политичкиот ќор-сокак и да се избегнат повторните избори.

Ривера постави три услови за да се откаже од спротивставување на владата на Санчез – ветување дека нема да се зголемат даноците, шанса повторно да се примени директно правило во Каталонија, доколку регионалната влада ја отфрли идната пресуда во судењето на сепаратистите, како и отфрлање на пактот со баскиските националисти во Навара, пренесува „Ројтерс“.

Социјалистите на Санчез победија на изборите во април, но без доволно места сами да формираат власт.

Тоа е уште една потврда дека со доаѓањето на нови партии, политиката е поделена во Шпанија, четврта најголема економија на еврозоната.

Треба да знаете
Последни објави