January 24, 2021 02:10
Свет

Mосква во февруари ќе побара ЕУ да ја одобри руската вакцина

Русија следниот месец ќе поднесе официјална апликација за да добие одобрение од Европската унија за вакцината „спутник 5“, објави Кирил Дмитриев, шеф на рускиот Фонд за директни инвестиции (РДИФ), кој е покровител за оваа вакцина против коронавирусот.

Сумираните резултати за ефектот на вакцината ќе бидат објавени наскоро и ќе ја покажат нејзината висока ефикасност, изјави Дмитриев за „Ројтерс“.

Според него, „спутник 5“ ќе се произведува во седум земји. Регулаторните агенции на девет земји се очекува да ја одобрат руската вакцина за употреба во текот на месецов.

Вакцината е веќе одобрена во Аргентина, Белорусија, Србија и уште неколку други земји. Русија, која е четврта земја во светот според борјот на заразени, планира да започне со масовна вакцинација следната недела.

Watch Sleepy Princess in the Demon Castle Episode 11 (https://gogoanime.be/m/1OAp/ep-11) at website https://gogoanime.be weathering with you gogoanime

Watch Evangelion: 3.0+1.0 Thrice Upon a Time Episode Preview 4 (https://animefreak.ws/m/gYXl/ep-1) at website https://animefreak.ws sites like animefreak