December 1, 2020 09:05
Скопје

Mинатата недела санкционирани 182 непрописно паркирани возила од ПОЦ

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје минатата недела санкционираа 182 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Во периодот од 12.10. до 18.10.2020 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 84 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 98 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

 

ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар.