Search

LISCA носи самоувереност и пролет за секоја жена

Предизвикот на пролетта за секоја жена е да се пронајде нова самоувереност, да се открие свеж израз на женственоста, нежноста да пламне во страст, страста да активира храбост… Всушност, предизвикот на секоја пролет е да открие нова формула за радост, да инспирира ново цветање на животот… Предизвикот за цветање е уште поголем по една година хибернација во пандемиски услови. Пролетта е предизвик за магија!

Брендот LISCA, играта со волшебни стапчиња им ја остава на нетрпеливите, кои брзајќи да ја дофатат среќата, обично ја одминуваат.

Со искуството вткаено во 66-годишната традиција на овој бренд за долна облека, LISCA на секоја жена и создава инспирација во себе да ја пронајде магијата на среќата и радосната моќ на животот. Во реалноста, тоа се „преведува“ и со фактот дека брендот LISCA е долгогодишен, силен поддржувач на правата на жената и е посветен кон зголемувањето на нивната самодовербата.

Жената која носи LISCA не бара ден за да биде жена, таа секојдневно ги урива предрасудите и ужива во елеганцијата на својот живот. Секој допир со гламурозната ткаенина на долната облека од LISCA ја буди пролетта и води кон слобода која го истакнува женското тело, со огромна нежност и женственост, подготвено да ја освои љубовта.

LISCA, изминатиот викенд реализира несекојдневен настан, кој беше организиран во чест на денешниот празник, Меѓународниот ден на жената. Пред продажниот салон на LISCA во Скопје-City Mall, посетителите имаа можност да остават пораки на „дрвото на самоувереноста и пролетта“.

Помеѓу посетителите, беа пристуни многу успешни жени, кои со своите пораки ја истакнаа важноста на самоуверената, храбрата и силната жена и го честитаа Меѓународниот ден на жената. Марина Анчевска – сопственик и извршен директор на Центарот за деловна психологија, Системски и НЛП, Југоисточна Европа, Ида Мантон – консултант, тренер, предавач и истражувач во меѓународните преговори, Вера Мештеровиќ – некогашната Мис на Македонија, манекенка и модел и Ирена Спировска – добро познатата водителка, беа дел од имињата кои го поддржаа овој несекојдневен настан.

LISCA подготвено го прифаќа пркосот да се спротивстави на астрономскиот календар и пролетта за секоја жена да ja донесе на 8 Март, две седмици пред официјалниот почеток на годишното време за цветање. И денес, повторно е ден за пркос спрема предрасудите, да се прифати самоувереноста и храброста, а пролетта да ве обвитка со нежна цврстина како долната облека на LISCA.

 

Како обична магија – LISCA носи самоувереност и пролет за секоја жена!

За повеќе информациии за долната облека на LISCA, посетете ја официјалната страница на LISCA, https://www.lisca.mk/ и разгледајте ја префинетата и сензационална долна облека.

Треба да знаете
Последни објави