Search

Летале метални ногарки и стапови кон Села и останатите пратеници

Во кривичниот суд се прикажуваат снимки, како дел од доказниот материјал на Обвинителството, поврзан со обвинението за обидот за убиство на Зијадин Села.

На една од снимките, која што беше пуштена пред 10-те обвинети во судницата, се гледа како обвинетиот Кире Ѓорѓиевски фрла метална ногарка од столче кон пратениците, меѓу кои се наоѓа и Зијадин Села.

Тие се во десниот агол од прес-салата собрани заедно, а пред нив е пратеникот Влатко Ѓорчев, кој се обидува да ги одврати напаѓачите. Обвинетиот Александар Јаневски Тошта, на едната снимка се гледа дека ги одвраќа дел од напаѓачите. Лице со качулка, чие што лице не се гледа на снимката, фрла стап кон пратениците, а стапот го погодува Зијадин Села. Тој потоа се наведнува и се држи за главата, по што по кратко време се исправа.

Треба да знаете
Последни објави