Search

ЛЕКОВИТИ ЗАЧИНИ ЗА СТУДЕНИТЕ ДЕНОВИ

Во зимските денови подобро е да консумирате зачинета храна и пијалаци. Некои од зачините можете да ги ставите во чај, во греено вино и на тој начин не само што ќе се згреете туку и позитивно ќе делувате на вашиот организам. Поголемиот дел од лековитите зачини ќе ви помогнат против настинки и кашлање, па затоа почнете полесто да ги консумирате.

Каранфилче

Каранфилчето потекнува од источна Индонезија, а се употребува како освежувач на здивот. Во Кина, за време на династијата Хан, за сите билo задолжително да џвакаат каранфилче пред да му се обратат на царот. Каранфилчето содржи голем процент на антиоксиданти (пола лажичка има исто количество антиоксиданти како половина шолја бобинки). Исто така, каранфилчето е одлично за смирување на надуеноста. Овошната салата со малку каранфилче дава одличен вкус, а многу помага за одржување на здрав организам. Можете да го додадете и во чајот или грееното вино.

Куркума

Индија е една од земјите во светот каде што има најмалку луѓе заболени од рак на црева, а куркумата е главна и одговорна состојка за оваа статистика. Куркумата содржи антиоксидант кој има антивирусно, антибактериско и антивоспалително дејство и е одлична превенција за различни тумори. Куркумата се употребува во традиционалните индиски, тајландски и кинески лекови за голем број различни здравствени проблеми. Со оглед на тоа што кај нас употребата на куркума не е толку вообичаена, а вкусот е необичен, сепак треба да почнете почесто да ја консумирате во комбинација со зачини кои вам ви се пријатни.

Цимет

Циметот е еден од најстарите зачини, а во древниот Египет се користел за балсамирање. Поголемиот дел од зачините се добиваат од мелените семиња на различни билки и растенија, но циметот е поразличен. Тој се добива од внатрешниот слој на кората на дрвото. Циметот се користи како помош при искашлување, а исто така и растечен нос. Кога ќе се додаде во какао, чај или греено вино, тогаш го разубавува вкусот на пијалакот. Во нашите краишта, циметот се додава и на различни десерти.

Анасон

Во стариот Рим, на крајот на прославите, се послужувале колачи направени со анасон, со цел да се смири варењето и да се освежи здивот. Анасонот го подобрува варењето на храната, ја намалува мачнината, гасовите и надуеноста, а исто така е добар против кашлица и настинки. Одличен е да се додаде во супа, а од него може да се направи и чај. Една шолја по вечерата или кој било друг оброк ќе ви помогне да го смирите стомакот.

Ѓумбир

Ѓумбирот со векови се употребува како многу делотворен лек против кашлица и настинка. Дури и кога потешки симпоми се во прашање, чајот од ѓумбир може да го намали воспалението на грлото, чешањето, кашлањето, дури може и да помогне за запушен нос. Покрај тоа, ѓумбирот е одличен против мачнината и проблемите со варењето, а познато е дека помага и во борбата со рак на јајници. Потврдено е дека ѓумбирот може да ги униште сите клетки ја ракот на јајници.

Треба да знаете
Последни објави