Search

Латас не дозволи медиумите да го снимаат во судница

По барање на адвокатката на новинарот и уредник Драган Павловиќ – Латас, судот не дозволи снимателите во судницата да направат инсерти од денешното рочиште за случајот Тотал на СЈО, каде тој се товари за даночно затајување.

Судијката Софче Гаврилова Ефремова одлучи да им го одобри барањето, со што беше дозволено снимање само на обвинителите на Специјалното јавно обвинителство.

Според обвинението на Специјалното јавно обвинителство Драган Павловиќ во период од осум години давал лажни податоци во книговодствената евиденција на фирмите со цел да одбегне плаќање на данок.

Тој е обвинет дека со лажирање на книговодствената евиденција на фирмите Тотал Маркетинг Агенција, Тотал Маркетинг, Медиамакс и Тотал Медиа Центар  ДООЕЛ Скопје избегнал да плати данок на државата во износ од 164 илјади евра.

Се работи за даночно затајување во периодот од 2008 до 2015 година. Латас како управител на овие фирми, ја намалил основицата за пресметување данок на добивка, го злоупотребил правото на одбивка на ДДВ и не пријавил лични приходи, кои задолжително се пријавуваат согласно Законот за персонален данок од доход.

Треба да знаете
Последни објави