Search

„Ламборџини“ му подари уникатен автомобил на Папата, Ватикан ќе го продаде за хумани цели

Меѓу нив е и обновување на зоните во Ирак каде што живееле христијани, со цел да се вратат во родните места, кои ги напуштиле поради војната.

Италијанската компанија за луксузни автомобили „ламборџини“ изработи уникатен модел „хуракан“ за папата Франциско, соопшти денеска прес-службата на Ватикан.

Подарокот му беше предаден на поглаварот на Римокатоличката црква за време на аудиенцијата со раководството на компанијата.

Прес-службата наведува дека автомобилот ќе биде продаден на аукција од страна на „Сотбис“, а сите средства ќе бидат наменети за хуманитарни цели кои опфаќаат неколку проекти. Меѓу нив е и обновување на зоните во Ирак каде што живееле христијани, со цел да се вратат во родните места, кои ги напуштиле поради војната. Друг проект кој се реализира од асоцијацијата „Заедница Папата Јован XXIII“ предвидува помош за жени и деца, жртви на проституција.

„Ламборџини“ не е прва компанија што му подарува превозно средство на папата Франциско. Пред извесно време, Ватикан продаде на аукција мотор „Харли Дејвидсон“. 

 

Треба да знаете
Последни објави