Search

Kолку новиот ИК на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја редифинира партијата на Мицкоски?

Kолку и дали новиот ИК на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја редифинира партијата на Христијан Мицкоски анализира Локално.мк.

Откако Мицкоски на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ предложил на членовите свикување на вонреден конгрес, но ваквиот предлог бил одбиен, тој им порача на своите критичари дека нема намера да поднесе оставка, по што го мобилизира членството на серија антивладини протести откако тој не успеа да влезе во преговори за состав на новата влада. За владејачката СДСМ, новиот ИК е „скроен“ од бегалецот Никола Груевски, во обид да го зачува на позицијата Мицкоски и да му ја спаси фотелјата во „белиот дворец“.

За промените во „белата палата“ Петар Богојески од Македонски концепт вели дека новите членовите на ИК се личен избор на Мицкоски, избрани без никаква демократска процедура, па од тука и ништо ново во партијата од „старото време“.

Според Ивица Коневскипоранешен градоначланик на Аеродром и дел од Иницијативниот одбор за промена на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски е најголемиот проблем на партијата, како и дека поради неговата политика се случиле изборните порази.

За Игор Есмеров, поранешен амбасадор на земјава во Унгарија и поранешен член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во новиот состав има угледни граѓани и општествено истакнати личности, со сопствен интегритет и силен интелектуален капацитет. Но, ако се има предвид дека маневарскиот простор на Мицкоски е релативно стеснет, смета тој, не било воопшто лесно да се најдат квалитетни кадри.

Целиот текст на Локално.мк.

Треба да знаете
Последни објави