Search

Кумуцакос: Од Нимиц не слушнав нешто што не очекував, ставот на Неа демократија за името е непроменет

Кумуцакос: Од Нимиц не слушнав нешто што не очекував, ставот на Неа демократија за името е непроменет

„Не слушнав ништо што не очекував. Тоа значи дека грижите и забелешките што ги изнесе нашата партија Неа демократиа остануваат непроменети“, вели Кумуцакос за МКД.мк.

По средбата со посредникот Нимиц во Атина, Кумуцакос рече дека бил информиран за идеите на Нимиц, но тоа не ги елиминира грижите на партијата, па додава дека јасната позиција на Неа демократиа мора да се повтори.

Според него, ставот на партијата е дека името не треба да содржи никаква форма на иредентизам, да биде прифатено од сите Грци, како и да биде за севкупна употреба. Неа демократија постојано повторува дека единствена гаранција за овие барања е промена на уставот на Македонија.

Коментарите во Атина по денешните средби се дека Нимиц е голем оптимист, а оптимизмот му се темели на политичката волја и кај македонскиот премиер Зоран заев и кај владата на Алексис Ципрас. Сепак, таму додаваат дека последниот пакет што го објави грчкиот министер за надворешни работи Коѕијас во интервјуто за грчката ЕРТ не е на линија на предлогот на Нимиц, односно, на некој начин го заобиколува овој предлог.

Сепак грчки извори додаваат дека е јасно оти решението, кое и да е, не може да се имплементира стопроцентно веднаш, и дека, особено промената на македонскиот устав и обемот на употреба би оделе во фази.

 

Треба да знаете
Последни објави