Search

Кучето на кое деца му ставија петарда во уста е најдено и оперирано

Од полицијата засега нема никаква реакција, ниту пак пријава за овој настан.

Кутрето кое е жртва на монструозно изживување, на кое деца му фрлиле петарда во устата е оперирано и потребна е помош за да се спаси.

Итно формирање на Полиција за животни или Служба за превенција/евиденција/санкција на насилството бараат Здруженијата за заштита на животни, Анима Мунди, Асоцијација за заштита на животните и активистите кои секојдневно се грижат за бездомните животни во Македонија. Барањата за формирање на Полиција за животни доаѓа откако во петокот деца му фрлиле на бездомно куче петарда во уста.

Купувањето и продавањето пиротехнички средства е забрането со закон, а во текот на изминативе години многу деца завршија со повреди и изгореници од петардите кои им пукнале во раце.

 

Треба да знаете
Последни објави