Search

Кривична пријава против поранешниот градоначалник на Ново Село

 

 МВР денеска му поднесе кривична пријава на поранешниот градоначалник на Ново Село, Блажо Велков поради злоупотреба на службената положба и овластување.

-Б.В., како градоначалник на општина Ново Село, на 07.03.2014 година, злоупотребувајќи ја службента положба и овластување,  склучил Анекс кон Договорот за закуп на времен објект, со кој го продолжил рокот на времетраење на договорот од 5(пет) на 11 години. Пријавениот, пред истекување на Договор за закуп на времен објект на Смоларски водопад,  склучен помеѓу општина Ново Село и закупецот – правно лице од Струмица, без спроведување на јавно надавање и јавен оглас за издавање под закуп на обејкт, му го продолжил користењето на обејктот, сопственост на општина Ново Село, на 11 години. Со потпишување на Анексот, Б.В. дозволил преуредување на постоечки објект во национален ресторан и изградба на неделиви објекти од тврда градба, спротивно на условите во претходно објавениот оглас за јавно надавање за издавање под закуп на времен објект и спротивно на потпишаниот договор за закуп на времен објект. На тој начин овозможил правното лице – Друштво за туризам, угостителство и услуги од Струмица, да биде во повластена положба на пазарот и со поголема имотна корист и афирмација за подолг  временски рок, се вели во соопштението на МВР.

Треба да знаете
Последни објави