Search

Кривична пријава против двајца кумановци за криумчарење мигранти

На патот од Куманово кон село Костурник, пред два дена од страна на полициски службеник е забележано патничко моторно возило „Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.И.(38) а како сопатник бил К.И.(21) двајцата од Куманово, од кое што излегле две непознати лица.

 

Од страна на полициските службеници извршено е легитимирање и обавен е разговор при што двете лица на возраст од 30 и 48 години од Либија, изјавиле дека сакале да се превезат до село Лојане.

Лицата се лишени од слобода, а против Б.И. и К.И се поднесени кривични пријави за криумчарење мигранти.

Треба да знаете
Последни објави