Search

Кражба во продавница за оружје

Не се знае точниот период кога била ограбена продавницата.

Според полицијата кражбата се случила меѓу 14 часот на 11 ноември и 09 часот на 13 ноември, годинава. Истражните полициски органи утврдиле дека засгеа непознат крадец провалил во продавницата на улицата Васил Ѓоргов во трговскиот центар Капиштец. Полицијата претпоставува дека провалникот со себе носел скали со кои успеал да се искачи до прозорец во продавницата висок околу 6-7 метри. Потоа со алат го скинал катанецот од решетката, која го заштитувала прозорецот, па насилно го отворил прозорецот и успеал да влезе во продавницата на комапнијата „Интерспорт“. Од полиците, на кои имало изложено оружје, провалникот зел околу 50 пиштоли и револвери, од различни производители и калибар. Откако го собрал пленот, крадецот повторно преку прозорецот го напуштил објектот и побегнал без да биде забележан од никого.

МВР не соопштува колкава е штетата во овваа провална кражба, односно колкава е вредноста на украденото оружје.

Треба да знаете
Последни објави